Топ сцени полни со страст, поради кои филмовите станаа хитови!

21 април, 20200
d4361b7f013848c4c5a3

Сексот продава сè, вклучувајќи ги и филмовите кои станаа култни, заради нивните неверојатно привлечни еротски прикази. Дел од нив се: „Последното танго во Париз”, „9 и пол недели”, „Сурови страсти” и многу други.

Последното танго во Париз
Станува збор за италијанско-француска егзистенцијална еротска драма од 1972 година, за американски вдовец кој има сексуални односи со млада парижанка, која е наскоро треба да се омажи. Во главните улоги играат Марлон Брандо, Марија Шнајдер и Жан Пиере Леауд. Со исклучок на сцената на аналното силување, филмот е полн со возбудливи и сензуални сцени.

Поштарот секогаш sвони два пати
Криминалецот Френк Чемберс (Ј. Николсон) започнува со работа во мал ресторан покрај патот, а пак сопственикот гркот Ник Пападакис (Ј. Коликос), е оженет со многу помлада и многу привлечна жена- Кор (Ј. Ланге). Кора и Френк наскоро имаат страсна сексуална врска и стануваат љубовници. Како што одминува времето и нивната врска се засилува, тие одлучуваат да го ликвидираат Ник и да ја прикажат неговата смрт како последица од сообраќајна несреќа. Меѓу другото, филмот стана легендарен поради секс сцената во кујната.

Betty Blue

Вознемирувачка, агресивна, еротски исполнета приказна за двајца љубовници кои сесосема различни ликови и поголемиот дел од времето го поминуваат во луд, страствен секс и шетање низ станот. Станува збор за француска драма / комедија. Во главните улоги се вклучени Беатрис Дале и Џен Хугуес Англаде.

9 и пол недели
Девет и пол недели е американската еротска драма во 1986 година во режија на Адријан Лин со Мики Рурк и Ким Басинџер во главните улоги. Филмот на крајот се стекна со култен статус кај фановите и стана еден од позначајните високо-буџетски сексуално експлицитни филмови. Резултираше со снимање на две продолженија.

Basic Instinct
Ова е американско-француски трилер од 1992 година во режија на Пол Верховен. Мајкл Даглас и Шерон Стоун ги толкуваат главните улоги. Филмот премиерно беше прикажан на 20 март 1992 година во САД. Во многу земји, филмот беше прикажан во цензурирана верзија од која беа исечени сите сцени на секс и убиство, но и покрај ова, филмот имаше голем успех.

Ризична работа
Том Круз, вреден седумнаесетгодишен лик, одговорен и сигурен син, ја запознава Лана – млада, пожелна, пребирлива и полна со животно искуство. Том Круз има две цели во животот: да се запише на колеџ и да има секс – што беше негова фантазија досега. Но, неговите родители одат на одмор и ја напуштаат неговата куќа. Она што Лана (Ребека Де Морнеј) ќе го научи Џоел за сексот е ноќна мора за многу родители.

Кралот на порно
Во време кога беше доста познат како модел за долна облека Марки Марк, Марк Валберг извонредно глумеше како порно ѕвезда за време на златното доба на оваа индустријата во 1970-тите. Преголемата потрошувачка на кокаин исто така предизвикува проблеми со ерекцијата, а во филмот има повеќе секс-сцени отколку обични разговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi