НА 50 ГОДИНИ СЕ СОБЛЕЧЕ ЗА PLAYBOY, а на 88 години изгледа фантастично!

1 ноември, 2020
The Lady Garden Foundation Gala 2019

Џоан Колинс се појави пред камерите кога имаше само 9 години, а денес со 88 години таа блеска каде и да се појави.


Легендарната англиска актерка Џоан Колинс ги засени своите многу помлади колешки на промоцијата на серијата „Сјај и темнина во Мадрид“ во која глуми заедно со Дениз Ричардс и Џејн Симур. Приказната за серијата следи историска драма заснована врз вистински ликови, а Колинс ја отелотворува Аделаида од Маурина, кралицата на Франција од 12 век.


Актерската дива се појави во бел тесен фустан со цветен дезен, а стилот го надополни со големи обетки и се истакна пред фотографите.

Колинс ја започна својата кариера кога имаше само девет години и до ден денес не запре. Таа ја напушти Велика Британија за Холивуд во 1951 година, каде го потпиша својот прв договор со 20th Century Fox. Очите на целиот свет беа вперени во Џоан кога таа ја отелотвори Алексис Карингтон во серијата „Династија“.

Сепак, глумата не беше нејзина животна цел на почетокот на нејзината кариера. Таа сакаше да стане приватен детектив или моден дизајнер, што го призна во едно од нејзините интервјуа. “Сакав да бидам момче кога бев во пубертет. Не сакав да станам жена. Додека глумев, можев да бидам она што ќе посакам”, рече познатата актерка.
Нејзиниот татко бил агент кој ги откривал талентите, и тој работел со многу sвезди, и токму тој и помогнал во светот на шоу-бизнисот на почетокот на нејзината кариера. Кога имала 17 години, таа се појави во филмот „Верувам во тебе“ и во тоа време истакна дека сака да ја истражи својата сексуалност.

Славната актерка се соблече за Playboy во 1983 година кога имала 50 години за да докаже дека сексуалноста е безвременска. За време на нејзината кариера, таа украси повеќе од 400 корици на светски списанија, но насловната страница на Playboy остана нејзиното најубаво сеќавање.

Покрај нејзините улоги, таа ги полнеше медиумските колумни со бројни афери со познати мажи. Таа беше во прегратките на нејзиниот син Чарли Чаплин, Конрад Хилтон и Ричард Бартон. Таа го воодушеви и славниот уметник Енди Ворхол, за кого беше муза некое време, но тие беа само пријатели.

Откако започна да се повлекува од актерскиот свет, Колинс во 2014 година лансираше своја линија за шминка. Покрај шминка, таа започнала да продава и перики. За разлика од многу нејзини колеги, Џоан никогаш не преферирала пластични операции. Таа отсекогаш била против пластична хирургија, и верува дека убавината е вистинска само ако е природна.

escort - Korsan taksi