На гостите на Дрејк им се превртеа цревата во стомакот поради менито од неговата роденденска забава: “Кој би го јадел ова? Бљак!”

27 октомври, 2020
drake-2-830x0

Велат дека ова е „навистина гадно“, но што е тука, всушност, толку многу „бљак“?

Фановите на Дрејк беа „згрозени“ од необичното мени од прославата на неговиот 34-ти роденден, иако не ни е јасно што е тука, точно, невообичаено.

Имено, славниот рапер славеше роденден на 24 октомври, а за таа пригода организираше масовна прослава.

Но, некои од обожавателите на Дрејк беа сериозно збунети откако беше објавено менито од неговата роденденска забава на Инстаграм.

Иако на менито имаше бифтек и суши, едно нешто на менито, како што беше коментирано, им го преврте стомакот на многумина.

На дното на менито беше американско-италијанскиот класик „Mac n Cheese“, но наведените состојки беа потполно непознати за повеќето луѓе кои некогаш го пробале ова јадење.

Покрај тестенините и сирењето, тестенините содржеле „суви домати, копар, суво грозје, магдонос и карфиол“.

– Менито на роденденската вечера на Дрејк изгледа ужасно – напиша еден обожавател.

– Ова е само печатна грешка, што правиш врева – застана во одбрана на друг фан.

– Ќе повратам. Бљак. Ова е одвратно. Кој би јадел вакво нешто? Познатите полудеа – заклучи третиот обожавател на социјалната мрежа Твитер.