На неволјите на Северина Којиќ им нема крај: Во сериозно издание стигна на суд

17 јуни, 20200
Annotation 2020-06-17 215203

На НЕВОЛЈИТЕ на Северина не им се гледа крајот. Утрово повторно мораше на суд, поради уште едно судење во кое од едната страна е таа, а од другата нејзиниот бивш партнер Милан Поповиќ

Фотографите ја снимиле како во друштво на адвокатот Мате Матиќ доаѓа на Општинскиот казнен суд во Загреб, каде денеска започна рочиштето по повод приватната тужба за клевета на Милан Поповиќ против неа и нејзиниот бивш адвокат.

Вчера Наташа Којиќ, сестрата на Игор Којиќ ја одследи Северина на инстаграм.

Таа до неодамна беше единствената членка на семејството Којиќ која постојано ја следеше Северина на инстаграм, па дури и тогаш кога Игор ја одследи. Сега го следи само него.

Но, Северина има причина и за славење. Озборувањата дека ја обновила соработката со бившиот менаџер Томислав Петровиќ ги потврди нејзиниот PR Давид Гргин.   

“Можам да потврдам дека Северина и Томислав соработуваат, односно дека сите во тимот се радуваме на скорешните идни проекти”, изјави тој.

Исто така, Северина со најновата објава на социјалните мрежи ги најави своите нови песни, со што ги развесели нејзините фанови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *