На планина или покрај базен,нашите познати дами уживаа изминатиот викенд!

15 јуни, 20200
лила 1

Се чини дека топлото летно време изминатиот викенд на многумина им годеше, по долгите карантински викенди и нестабилно време.

Многу од нашите познати дами го искористија викендот за опуштање и релаксација, но и можност да ги покажат своите фигури.

Некои на планина, некои покрај базен, тие уживаа во нашите убавини, во исчекување на можноста да се замине некаде на море.

Она што е очигледно е дека нашите ѕвезди сепак внимавале на својата линија за време на карантинот заради пандемијата со Ковид-19 која ја зафати и нашата земја.

Па така, нашиот топ модел Катарина Ивановска уживаше во природните убавини на Маврово каде што често престојува со своето семејство во семејната куќа.

Викторија Лоба се дружеше со другарките на дистанца на падините на Водно

За разлика од нив, Елена Ристеска реши да се сонча покрај базен и да се соблече по бикини, со што дополнително го загреа и онака жешкото време

View this post on Instagram

Summer chillin’… #summer

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era) on

Водителката Лила Филиповска се одлучи да проба нешто поинакво, па се упати во коњички клуб каде што јаваше коњ, а возбудата ја сподели на Инстраграм.

Од она што го гледаме, со сигурност можеме да заклучиме дека нашите дами навистина се забавуваа изминатиов викенд и ги наполнија батериите до максимум!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *