На суд прикажана слика од Амбер Херд по удар со телефон од страна на Џони Деп.

22 јули, 20200
fffff

Американската актерка Амбер Херд (34) денес прикажа фотографии од себе со модринка на лицето на Високиот суд во Лондон и тврди дека во една пригода ја повредил нејзиниот поранешен сопруг, легендарниот холивудски актер Џони Деп (57), кога ја удрил со мобилен телефон.

Мега ѕвездата е обвинета дека ја повредил својата поранешна сопруга удирајќи ја со телефон „најсилно што можел“ во 2016 година по расправија во нивниот стан во Лос Анџелес. Амбер го опиша наводниот напад како „последен чин на насилство“ пред разводот од нејзиниот поранешен сопруг, за кој таа тврди дека се случила откако тој консумирал дрога и станал многу агресивен. Џони ја обвини Амбер за „лажирање“ на повредите со помош на пријателите Роки Пенингтон и Џошуа Дру, за кои пријателите на Деп велат дека биле дел од нејзиниот план да го „уценува“.

Актерот тврди дека неговата поранешна сопруга уживала да го тепа и дека честопати била насилна кон него за време на нивниот брак, пред да му стават крај во 2016 година.

– Ова не е вистина. Точно е дека морав да ги користам моето тело и екстремитети за да се заштитам од насилството и злоупотребата на Џони. Тој, исто така, честопати ги нарекуваше моите вербални навреди и критики „удари“. Но, јас не бев насилна кон него – рече Амбер. Таа откри дека некогашната двојка престојувала во караван во Хиксвил, Њујорк, во една прилика во јуни 2013 година и дека Џони, наводно, нападнал жена, која флертувала со неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi