Најбрзиот човек на светот и неговaта убава партнерка го добија своето прво дете

19 мај, 20200
дљдљ

Усаин Болт стана татко за прв пат откако неговата долгогодишна партнерка Каси Бенет роди девојче.

Осумкратниот освојувач на златен олимписки медал, допрва треба да го сподели името на неговата ќерка, но веста за раѓањето ја објави во понеделникот премиерот на Јамајка, Ендру Холс.

„Честитки до нашиот спринт легенда Усеин Болт и Каси Бенет за пристигнувањето на нивното мало девојче“, напиша тој на Твитер.

33-годишната тркач е во врска со 4-години помладата Бенет од 2014. година. Болт во јануари потврди дека неговата партнерка е бремена, кога објави фотографија на која се гледа како нејзиното трудничко стомаче.

„Само сакам да кажам дека доаѓа кралот или кралицата“, напишал тој во тоа време.

Болт се повлече од тркачката патека после Светското првенство 2017та година во Лондон, кога на последната трка се здоби со повреди на коленото. Тој е единаесеткратен светски шампион и останува единствениот човек во историјата кој освоил златен медал на три последователни Олимписки игри, во 2008, 2012 и 2016 година. Јамајканецот исто така има светски рекорди на 100 и 200 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *