Најголемите хитови на Френк Синатра, безвременски пејач кој не знаеше да чита музика
Френк Синатра беше пред своето време на многу начини. За време на неговиот живот, тој ги освои сите најпрестижни музички и филмски награди, продаде над 150 милиони албуми ширум светот, успешно се занимаваше со политика, се дружеше со најпознатите луѓе на планетата … Неверојатниот феномен – со светли сини очи и елегантни костуми – ги освои срцата на најубавите филммски диви …
Во однос на кариерата, тој се чини дека немал неуспеси, освојувајќи Оскар, 3 златни глобуси, почесни награди, 11 Греми и 30 номинации за истата, и многу други, станувајќи едно од најуспешните и препознатливи лица во историјата на музиката.
Она што е интересно е дека, покрај сите горенаведени успеси, Синатра никогаш не научи да чита музика, но постојано се обидуваше да ги подобри своите способности. Како перфекционист, тој секогаш инсистираше да пее во живо со бендот.
“Time” го рангираше меѓу 100-те највлијателни луѓе на 20 век, додека некои музички критичари го нарекоа најдобар пејач на 20 век.
Френк Синатра почина на овој ден во 1998 година во Лос Анџелес, па во оваа прилика се потсетуваме на неговите најголеми музички хитови:
Fly Me To The Moon
New York, New York
I’ve Got You Under My Skin
Come Fly With Me
Strangers In The Night
I Love You Baby
My Way