Најлудата приказна: Знаете ли како Ноле ја запроси Јелена?

15 мај, 20200
Naslovna

Прославениот српски тенисер Новак Џоковиќ ги пополнува насловните страни на домашните и странските медиуми во последните неколку недели – и заради изјавата за вакцините, и заради серијата на Инстаграм „свесно живеење“.

Неговата сопруга Јелена е подеднакво активна на Инстаграм – таа им чита приказни на најмладите, но дава и совети за семејството, мајчинството, здравата исхрана …

Сега тие се „споија“ и во интервју со Греам Басинџер откри како изгледало кога Новак ја запросил Јелена.

Ноле ја однесе Јелена на балон возење.

„Изнајмив уште еден балон, кој требаше да се крене во моментот кога ќе поминеме и ќе објавеше знак што ќе речеше: Дали сакаш да се ожениш за мене“, рече Новак.

Проблемот беше во тоа што нивниот балон „малку се запали“:

“Јас викав дека имаме дупка во балонот, а потоа видов друг балон на кој, се појави реклама , барем така мислев тогаш. Си помислив, па дали е он нормален, што ќе му е оваа реклама, а потоа само ја прочитав што пишува. Само што се завртев, он веќе беше клекнат со прстенот.

Погледнете го интервјуто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi