Најмладата членка на кланот Кардашијанс во жешки изданија: Прекрасните облини таа умешно ги открива!

29 септември, 2020
кајли џенер

Кајли Џенер, најмладата од петте деца на популарната Крис Џенер, е позната во светот по својот повеќемилионски успешен бизнис со козметика, но и по славниот изглед. 23-годишната девојка редовно ги почестува своите обожаватели со голи фотографии на кои се гледаат бујни облини.

Кога Кајли Џенер ќе се соблече во бикини, тогаш такво нешто не останува незабележано. Овој пат, младата наследничка на кланот Кардашијан Џенер реши да привлече внимание на нешто друго со своите разголени фотографии.

View this post on Instagram

7th day of fall 👙

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Додека позираше во својот луксузен, ново реновиран дом во Лос Анџелес, 23-годишната успешна деловна жена се обиде да ги повика своите сограѓани да излезат на гласање во ноември.

Кајли се смести во удобна фотелја во нејзиниот двор, кој има базен, и облече минијатурен цветен костим за капење „Диор“, во кој нејзините бујни облини излегоа во прв план.

Нејзините екстремно долги кадрици опремени со сини нишки паднаа настрана. Таа рече: „Седмиот ден од есента… но она што навистина сакам да ве прашам е дали сте веќе регистрирани да гласате?

View this post on Instagram

you call?

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Кајли не е единствената која се обиде да ги убеди граѓаните да излезат на гласање на овој начин. Пред тоа, американскиот актер Крис Еванс објави гола фотографија од себе на Твитер, и иако сето тоа се чинеше како несреќен случај, актерот всушност сакаше да привлече внимание на политички настан за кој многумина Американци очекуваат надеж за некаква промена на врвот на државата

escort - Korsan taksi