Најмладата милијардерка повеќе не е „топла бринета“: Сега е огнена црвенокоса и „убива“ како изгледа

8 декември, 2020
kylie-jenner-3-830x0

Најмладата милијардерка во Светот сега е огнена црвенокоса, а обожавателите нејзината објава ја лајкуваа повеќе од кога било

Американската реалити sвезда и најмладата милијардерка во Светот, Кајли Џенер (23) е личност која често менува автомобили, стајлинзи, но и боја на коса.

Имено, Кајли, следејќи го примерот на нејзината постара сестра Ким Кардашијан, често ја менува бојата на косата и се менува од потемна во посветла боја и обратно, но сега се осмели да стори нешто што не ѝ паѓаше на памет на нејзината популарна сестра Ким – сега е обоена во црвена боја.

Младата убавица премина од светло-кафеава коса во огнена црвена и ги воодушеви своите следбеници ширум Светот, особено машкиот дел.

Вчера старлетата прво позираше во тесно одело со леопард дезен во кој ги истакна сите свои секси облини, додека над себе носеше јакна со ист принт.

Не е познато каде е фотографирана затоа што има планински пејзаж зад неа, па обожавателите се сомневаат дека таа повторно избегала од Лос Анџелес на одмор, а се шпекулира дека со неа е и нејзиниот поранешен партнер Тревис Скот, со кого ја има ќерката Сторми.

Кајли тогаш позираше во црвени кожни панталони и разнобоен топ, додека ја остави долгата црвена коса пуштена, а сите гледаа само во градите и задникот.

– Како можеме да ја наречеме? Ариел? Кајли ги праша своите обожаватели, а прашањето беше за неа.

Таа собере скоро 11 милиони лајкови на објавата со црвена коса, додека на костимот леопард собра 11,4 милиони лајкови.

Инаку, Кајли е втора најследена женска личност на Instagram со 202 милиони следбеници, додека пред неа е само пејачката Аријана Гранде со 208 милиони следбеници, а сите убедливо ги „шие“ славниот фудбалер Кристијано Роналдо (35) со 244 милиони следбеници.

escort - Korsan taksi