НАЈПОСЕБНИТЕ ЖЕНИ НА СВЕТОТ СЕ РОДЕНИ ВО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Каде и да одат сите се вртат по нив!

30 април, 20200
horoskop

Ги знаете оние жени кои се издвојуваат од толпата и привлекуваат внимание каде и да се појават?

 Има добри шанси тие да се родени во знакот на Близнаци затоа што овој хороскопски знак најчесто зрачи со некоја магнетна привлечност, енергија и смелост.

Жените родени во овој знак обично се многу активни, сакаат големи друштва и најчесто се вистински екстроверти.

Тие секогаш тврдат дека имаат многу пријатели, но она што тие нема да ви го кажат е дека истите луѓе брзо им се здосадуваат и сакаат да ги менуваат друштвата.

Жените Близнаци сакаат флертување и се добри во тоа, но немојте да се измамите – не се лесни за освојување. Тие се самоуверени и свесни за нивните вредности, а нивното огромно знаење и висока интелигенција ретко кого остава рамнодушен.

Најгласни се во друштвото, духовити се и многу забавни, но никогаш не ги откриваат своите тајни, така што нивниот приватен живот е мистерија.

Кога навистина ќе се вљубат, тие се подготвени целосно да му се предадат на човекот, а најчесто ги привлекуваат оние што се целосно спротивни од нив, односно тивки и срамежливи момчиња.

Инаку, некои од познатите дами родени во овој хороскопски знак се Анџелина Џоли, Брук Шилдс, Никол Кидман, Кортни Кокс, Кајли Миног, Мерилин Монро и Натали Портман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi