Најпознатата Албанка, фотографирана со дијамантски прстен, се шпекулира дека се верила

5 октомври, 2020
rita-ora-6-830x0

Фановите на Рита Ора се надеваат дека оваа информација не е само трач-моабет.

Британската пејачка од Албанија, Рита Ора (29) поттикна озборувања за тоа дека се верила, откако прошета со огромен дијамант на раката.

Имено, пејачката се забавуваше со Роман Гаврас (39), француско-грчки филмски продуцент, со кого целото лето го помина на одмор на Ибица и Крф.

Таа сега ги поттикна озборувањата дека се верила, кога прошета со огромен дијамантски прстен на раката на местото каде што се носи вереничкиот прстен.

Таа беше фотографирана пред мексикански ресторан во Лондон и по тој повод беше облечена во црна лакирана јакна, црни панталони, маица со црвено-бел принт и капа на главата.

На лицето имала црна заштитна маска, па ѝ се гледале само очите и ги почитувала мерките за социјална дистанца во ресторанот.

Да потсетиме, познатата пејачка неодамна се појави на модната недела во Милано, а никој од присутните не го тргна погледот од неа. Проверете ги најсексапилните изданија на познатата пејачка во галеријата под текстот.