Најпознатата Албанка прошета низ Милано во луда комбинација!

26 септември, 2020
сиа

Албанката Рита Ора (29) се појави на Модната недела во Милано, а поради комбинацијата на облека беше во центарот на вниманието на сите присутни.

Имено, пејачката, која инаку е позната по своите секси и необични комбинации на облека, уште еднаш успеа да ги изненади сите со својот избор, кој ги истакна нејзините атрибути.

Таа пристигна на модната ревија Фенди во средата и по тој повод носеше подолг блејзер Фенди, а со тоа мрежести чорапи и црни високи потпетици, пишува Дејли меил.

Имала златна заштитна футрола за нејзиниот телефон преку рамото, додека во раката држела црна чанта. Таа носеше „футуристички“ очила со живописен одраз, додека косата ја врзаше во пунџа. Пејачката изгледаше одлично, а она што привлече најголемо внимание кај присутните беа нејзините бели гаќички кои ekиркаа под нејзината јакна. Во еден момент кога јакната се крена малку повисоко, јасно се гледаше бујниот задник на Рита.

„Убава“, „Кралица“, „Изгледаш како милион долари“, „За што ти требаше ова?“, Беа само некои од коментарите под фотографиите во оваа комбинација на облека на Инстаграм, кои имаат околу 130.000 лајкови. .