Најпознатиот мачор од Истанбул ја доби својата статуа, а ова место стана магнет за туристите!

6 јуни, 20200
маце 0

Мачорот Томбили беше и останa легенда на градот Истанбул.

Мачките во Истанбул имаат привилегиран статус во овој град: иако не се миленичиња, туку мачки од улица, тие се многу сакани и негувани. Доказ за тоа е приказната за необичниот мачор Томбили која стана еден вид легенда на градот …

Мачорот Томбили се здоби со популарност благодарение на фотографиите кои се раширија на Интернет – тој беше фотографиран на улица од калдрма во неговата карактеристична положба на лежење, што го направи симбол на опуштен и кул мачор.

Иако немал вистински дом, локалците кои го гледале редовно рекле дека соседите од околината се грижеле за него.

Томбили со тоа стана главната маскота на градот, со што ги потсетуваше минувачите малку да забават и да најдат време за одмор. За жал, мачорот одеднаш се разболе и почина минатата година.

Луѓето кои го познаваа не можеа лесно да се помират со фактот дека нема да се среќаваат со нивниот пријател пријател секој ден, кој секогаш се галеше со нив.

Затоа тие решија да направат нешто за да го зачуваат сеќавањето за него. Жителите на Истанбул решија да му оддадат почит на мачорот со тоа што поставија бронзена статуа на неговото омилено место во градот.

Фановите на овој кул мачор дури напишале кратки пораки на неговата омилена клупа, во кои му ги испратиле најубавите зборови …

– “Ти живееш во нашите срца. Маскотата на нашите улици, саканиот Томбили, ја изгуби борбата за својот живот по еден месец и ги затвори очите на 1 август” – напишано е на клупата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi