„Наjпрекрасен подарок за цел живот“: Канје ја остави Ким во солзи со роденденскиот подарок

30 октомври, 2020
f24d09c7-be9b-4061-8153-b192fdb039b0

Канје Вест ѝ подари холограм на Ким Кардашијан на нејзиниот татко за нејзиниот 40-ти роденден.

“Холограм од рајот. За роденденот Канје ми го даде најубавиот подарок во мојот живот. Посебно изненадување од небото. Холограм на татко ми. Изгледаше толку живо, го гледавме одново и одново, преплавени со чувства и солзи. Не можам ни да опишам колку ни значеше ова на мене и на моите сестри, брат, мајка… Благодарам многу, Канје, за овој спомен за цел живот “, напиша Ким покрај холограмската снимка.

Снимката е прегледана над 7 милиони пати и предизвика бројни реакции. Ја лајкнаа скоро милион и пол луѓе. „Се ежам додека го гледам ова, беше толку емотивно да се гледа ова во живо“, „Сè уште плачам поради ова“, „Најубавиот подарок“, напишаа пријателите на познатата старлета.

Роберт Кардашијан почина во 2003 година на 59-годишна возраст. Боледуваше од рак.