„Најсексапилниот дедо“ и милионер доби дете со 28 години помладата девојка, па го откри и необичното име на бебето

28 октомври, 2020
61975663

Џианлука Вачи и Шерон Фонсека, според странските медиуми, се во врска од 2017 година, а сега имаат и бебе.

Италијанскиот милионер и плејбој Џианлука Вачи на 54-годишна возраст доби дете со 28 години помладата девојка, моделот Шерон Фонсека.

Џианлука се пофали со среќната вест во вторникот на својот Инстаграм. “Таа е со нас. Шерон и јас сме среќни што можеме да објавиме дека нашата ќерка Блу Ерусалем Вачи се роди утрово. Фала му на Бога што е здрава и веќе ја сакаме повеќе од нашите животи”, напиша Вачи.

Голем број следбеници, од кои Италијанецот има 18,2 милиони на Инстаграм, му го честитаа раѓањето на парот. Инаку, популарниот плејбој се прослави во 2017 година благодарение на танцовите видеа што ги објави, а кои се проширија на социјалните мрежи со брзина на светлината. Истата година, медиумите прв пат го поврзаа со убавата Шерон од Венецуела.

Пред тоа, тој беше во врска со супермоделот Џорџо Габриеле, на која всушност ѝ се припишува првото издание на неговите танцови видеа. И покрај тоа што има само 52 години, медиумите брзо го нарекоа Вачи како „најсексапилниот дедо на светот“, поради неговата побелена коса и брада.

Тие се негов заштитен знак, исто како и бројните тетоважи со кои го украси извајаното тело.

Џианлука има ќерка Џинвера Мавила, која ја доби од врската со неговата поранешна партнерка во 2002 година.

escort - Korsan taksi