Најстариот син на Анџелина Џоли му подготвува одмазда на својот татко: Се одлучил на радикален начин да ги спаси своите браќа и сестри!

3 октомври, 2020
026056d9-8682-4301-bfac-d571677f908f-GTY_845776692


Не е тајна дека Бред Пит и неговиот и најстариот син со Анџелина Медокс не можат да се поднесат еден крај друг. Покрај тоа, Медокс отворено тврди дека не се чувствува како Бред да е негов татко. Иако претходно имале кавги, сето тоа кулминирало во расправија во авион пред четири години за време на кој Бред бил во алкохолизирана состојба, па дури имало и физички судир. Ова беше капка за Анџелина која ја прелила чашата и веднаш поднесе барање за развод од Бред. Специфичните детали за овој конфликт сè уште не и се познати на јавноста, но странските медиуми неодамна ја објавија веста дека сè предизвика интерес дури и на ФБИ, што значи дека Бред е под истрага за семејно насилство, ни повеќе ни помалку туку од страна на агенциите за криминалистичка истрага и разузнавање на Министерството за правда на Соединетите држави. Односот на Бред со шесте деца што ги има со Анџелина и борбата за старателство над нив е главната пречка конечно да се доведе во ред нивната тужба за развод.

Медокс сега ја презема улогата на татко во своето семејство, а по спасувањето на неговата мајка, неговата намера е да ги спаси и браќата и сестрите. Така, таблоидот тврди дека Медокс сака да го преземе старателството над браќата и сестрите. Имено, Медокс не крие дека смета дека Бред не се справува со улогата на татко, а на Анџелина очигледно и треба помош во воспитувањето на своите деца, имајќи го предвид нарушеното ментално и физичко здравје. Медокс е секако свесен дека тоа нема да биде воопшто лесна задача и тој е толку реален што сфаќа дека ќе мора да помине низ многу правни трикови додека не го реализира својот план. Сепак, со оглед на тоа што гледа колку влијае нарушениот однос на неговите родители врз него, како и врз другите деца, тој верува дека нема друг избор да ги заштити особено најмладите.

escort - Korsan taksi