Најтесната кула на светот до дијаметар од 3,9 метри може да собере 175 луѓе

17 мај, 2020
61854260

Стаклената купола се движи од дното до врвот на кулатаоколу 25 минути и овозможува прекрасен поглед на околината

Кулата British Airways се издига на 160 метри во Брајтон, југозападна Англија, и е вистинска туристичка атракција. Од друга страна пак дијаметарот и е само 3.9 метри што во однос на висината е 41:1.

Кулата е дизајнирана од компанијата Marks Barfield Architects, која го има дизајнирано и познатото Лондонско Око. Дизајнот овозможува да прими наеднаш 175 лица, а во исто време да им оддолее и на силните ветрови. А по 25 минутното искачување на куполата до врвот може да уживате во живописната панорама со шампањ или друг пијолок кој се служи.

Како тоа навистина изгледа може да видите на видеото.