Најзаводливниот пејач: Мик Џегер и купи на својата девојка куќа за 2 милиони долари!

19 декември, 2020
мик

Познатиот пејач Мик Џегер реши да ја израдува својата девојка Мелани Хамрик со тоа што и купи куќа во вредност од 2 милиони долари.

Овој имот се наоѓа помеѓу Сарасота и Брадентон, Флорида.

Областа е тивка и приватна и далеку од метежот – вели извор близок до парот.

Мелани Хамик и Мик Џегер, наводно, се одлучиле за овој имот по виртуелна турнеја и никогаш не ја посетиле физички локацијата.

Куќата во медитерански стил, изградена во 2008 година, има неколку надворешни простории за живеење и базен во слободна форма. Внатрешноста е „класично формална“, со четири спални соби.