Наоми Кембел како темнокожа божица во новиот спот на Бијонсе

1 август, 20200
profimedia-0548268905-725x408

Бијонсе вчера премиерно го претстави својот нов визуелен албум „Black is King“, во кој се појавуваат и нејзината ќерка Блу Ајви, како и манекенката Наоми Кембел.

Албумот напишан, режиран и продуциран од Бијонсе, „Black Is King“ премиерно е прикажан на платформата за стриминг „Дизни +“ , само една година по саундтракот што го издаде за новиот римејк на „The Lion King“. Песните од албумот се засноваат на споменатиот саундтрак и претставуваат еден вид продолжение на она што таа претходно го објавила.

Бијонсе исто така вети, а веќе и го исполни тоа, дека визуелниот албум ќе го слават семејства со темна кожа во САД и Африка, кои минале низ тероро на расизмот.

„Албумот е за млади Афроамериканци и нивните семејства кои поминале низ патот на предавство, љубов и самосвест. „Black Is King“ е своевидна афирмација на афро-американската култура, чија цел е да се стави поголемо значење на овие семејства и визуелно да се слават црнечкиот отпор и култура “, се вели во официјалното соопштение.

Албумот, исто така, доаѓа само неколку месеци по големите анти-расистички демонстрации кој ги потресе сите педесетина американски држави што се случи откако полицискиот службеник Дерек Човин го уби афроамериканецот Џорџ Флојд.

Визуелниот албум е креиран и како филм, а во некои од впечатливите снимки се појавува и нејзината ќерка Блу Ајви, како и манекенката Наоми Кембел, која е претставена како темнокожа божица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi