Наследничката на една од најубавите жени во светот снимаше кампања под будното око на родителите!

12 август, 20200
дева 5

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза- станува збор за 15 годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, на која и се предвидува блескава иднина во светот на високата мода.

Тинејџерката која безвременската убавина ја наследила од мајка и, овие денови снимала кампања за новиот парфем на D&G -“Shine” на брегот на италијанското езеро Комо во покраината Ломбардија.

Присуството на Дева предизвикало огромен интерес кај папараците, а нејзе будно ја пазеле родителите, кои иако се разведоа во 2013 година, рамноправно учествуваат во одгледувањето на Дева и нејзината 5 години помала сестра Леони.

Дева се труди во секој момент да си ја чува својата приватност и многу е внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал таа неодамна се нашла на удар на интернет троловите кои рашириле трачеви за тоа како таа почнала со естетски корекции на своето тело, конкретно ја обвиниле дека ги зголемила усните.

– Ве молам, јас уште немам 16 години. За тинејџерите нормално е да поминуваат низ физички промени, особено во оваа доба. Никогаш не сум размислувала за некаков зафат и знам дека родителите никогаш не би ми го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува и затоа ве замолувам размислете убаво пред да почнете да ширите невистини за млади луѓе- им одговорила Дева.

View this post on Instagram

Keeping it real

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *