Насмевка, насмевка, насмевка! Дали причината за оваа широка насмевка е можеби повторно Бредли Купер?!

9 октомври, 2020
306761_profimedia0561951311_ff (1)

Руската убавица Ирина Шајк беше фотографирана на улиците во Њу Јорк со својата ќерка Леа во интересно издание.

Ирина беше спортски облечена- кратки хеланки и дуксер заедно прават комплет кој, со оглед на нејзината витка линија, прави моделот да изгледа совршено. Овој интересен стајлинг го заврши со розови чизми, а во рацете држеше заштитна маска.

Манекенката цело време имаше насмевка на лицето, што е доста импресивно, затоа што не ја гледаме често толку среќна. Во последно време се шушкаше дека Ирина се смирила со Бредли Купер, актерот со кого има ќерка.

Да потсетиме, двајцата раскинаа во 2019 година, откако низ Светот кружеа гласини дека тој влегол во врска со Лејди Гага.

Останува да видиме дали Бредли е (повторно) причината за нејзината насмевка!