Натали Портман за траумите во детството: „Тие ме нарекоа Лолита, а јас бев преплашена“

14 декември, 2020
15395768575fd76ceaa339d384291020_v4_big


Натали Портман имаше само 11 години кога ја доби улогата во филмот „Леон професионалецот“, на француската режисерка Лика Бесон. Успехот на тој филм и донесе статус на детска sвезда, па наскоро доби улоги во филмови како „Топлина“, „Убави девојки“ и „Сите велат те сакам“.


Сепак, таа сега вели дека била свесна дека во тоа време, поради нејзините години, дека ја опишувале како Лолита, а тоа го изјавила во објавата „Armchair Expert“, од страна на новинарот Дакс Шепард.

“Ми беше јасно како ме опишаа… како Лолита. Бев исплашена затоа што ме гледаа низ призмата на сексуалноста. Мислев дека ќе се чувствувам побезбедно ако кажам “Јас сум конзервативна”, “Сериозна сум и треба да ме почитувате” или „Паметна сум и не ме гледајте така“, рече Натали.


“На таа возраст ја имате својата сексуалност, сакате да истражувате работи и сакате да бидете отворени. Но, не се чувствувате безбедно кога постар маж ќе се интересира за вас и ќе кажетен “Не, не, не”, додаде таа.

Со цел да се заштити, таа рече дека градела „sидови“ со одредување кои улоги би ги прифатила, а кои не. „Војна на Ѕвездите, епизода 1: Фантомска закана“ од 1999 година беше филм по кој таа стана голема sвезда.
“Многу луѓе мислеа дека сум супер сериозна и конзервативна. Сфатив дека тоа го градев свесно за да се чувствувам безбедно”, објасни таа.

“Не сакав да глумам во љубовни сцени. Избрав улоги кои беа помалку секси затоа што бев загрижена за тоа како луѓето ќе ме дефинираат и колку ќе се чувствувам безбедно”, додаде таа.

Ова не е прв пат Натали Портман да зборува за своите искуства во филмовите кога била дете. Пред две години, таа зборуваше за „сексуалниот тероризам“ што го доживеа по филмот „Леон професионалецот“.

“Возбудена, го отворив првото писмо во кое обожавателот опиша како сонува да ме силува. Брзо сфатив дека ќе се чувствувам несигурно ако ја потенцирам својата сексуалност”, рече тогаш Натали Портман.