Научниците откриваат зошто некои луѓе се креативни, а други не

5 август, 20200
woman-in-brown-scoop-neck-long-sleeved-blouse-painting-933255-1140x570

Сите истражувачи се согласуваат дека креативноста е исклучително комплексен процес и дека човечката психа е полна со изненадувања, а овој комплексен процес е резултат на дури 14 различни фактори.

И додека големите глобални корпорации се повеќе се грижат за креативноста на вработените, тие посветуваат сè повеќе време и ресурси на среќата кај своите вработени. Во некои компании, постојат луѓе специјално задолжени за среќата на вработените.

Сепак, повеќето научници велат дека креативноста зависи најмногу од упорноста и вештините за решавање проблеми, и не зависи толку многу од личното задоволство на поединецот. Ана Јорданус и Бил Келер разгледале скоро половина век научна литература и идентификувале 14 компоненти на креативноста. Меѓу овие 14 компоненти на креативноста, среќата не го најде своето место.

Самата креативност е исклучително комплексен феномен и сите 14 компоненти мора да работат заедно за една личност да покаже креативност. Психологот Марк Дејвис од Универзитетот во Северен Тексас ја дели креативноста во две фази, генерирање идеи и решавање проблеми.

Неговиот рецензентен труд за 2009 година заклучува дека позитивното расположение е корисно кога за прв пат се поставуваат некои идеи. Сепак, потребна е упорност за да се стават идеите во акција. За време на работата, луѓето честопати се соочуваат со проблеми, а стресот повремено е доволен мотиватор да се вложи повеќе напор.

Исто како што умереноста е важна за секого, исто така е и стресот. Еми Арнстен од универзитетот Јеил вели дека управувањето со расположението е клучно за одржување на мозочната активност. Интензивните емоции, без разлика дали се позитивни или негативни, можат да доведат до проблеми со префронталниот лобус поврзани со креативноста.

Префронталниот лобус го регулира допаминот, хормонот на среќата, како одговор на емоционалните стимули. Ваквата реакција е добра, но во некои разумни граници. Неконтролираните чувства можат да го преоптоваруваат допаминскиот систем во организмот што може да го наруши расудувањето и креативноста.

Вишок на позитивни чувства може да нè измами и можеме да го заборавиме фактот дека работата сè уште не е завршена.

Арнстен објаснува дека најважно е да се живее во вербата дека сите проблеми се решливи. Сè додека луѓето веруваат дека е можно да се надминат некои пречки, тие ќе истражуваат по патот и на крајот ќе најдат креативен начин за решавање на проблемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *