Не е тоа што мислите- дали знаете што навистина значи кога ќе кажете “АЛАЛ ВЕРА”?

10 август, 20200
алал

Има изрази кои често ги користиме, знаејќи што тие порачуваат во секојдневната комуникација, а всушност не го знаеме нивното значење.

Многумина во дадени ситуации кога сакаат да пофалат некого наместо “браво” или “секоја чест” велат “алал вера” , но ретки се оние кои го знаат потеклото на овој израз.

Потекнува од времето на најстрогото владеење на турците на овие простори, а зборот “алал”, односно “халал” потекнува од арапскиот јазик и буквално значи “допуштено” или “дозволено”, па изразот “алал вера” или “алал ти вера” во буквален превод значи “исламската вера ти допушта (нешто да направиш)”.

Многу често изразот се користи и со иронја, кога сакаме да искритикуваме некој кој направил или рекол нешто што го сметаме лошо или сосема погрешно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *