Не грижeте се, им се случува и на манекенките: Ирина Шајк се здебелила, па сè пука на неа, дури и здолништето! (ФОТО)

29 септември, 2020
Irina-Šajk

Топ моделот Ирина Шајк фатена во непријатно издание

Една од најубавите жени во светот, топ моделот Ирина Шаик, направи нов сет фотографии во Италија, сепак, покажа повеќе отколку што сакаше.

Иако се врати на модните писти по породувањето, се чини дека сè уште се бори со неколку килограми вишок.

Имено, Ирина неодамна направи едиторијал на фотографии за престижниот број на списанието „Vog“, а сега се појавија папарацо фотографии од сетот, поради кои на многу жени им се симна голем товар од грбот. Ирина секогаш изгледа како милион долари на пистата и на фотографиите, нејзиното совршенство е неверојатно.

Меѓутоа, на овие фотографии може да се види дека и Ирина е жена од крв и месо и дека има проблем како и повеќето жени. Здолништето кое стилистите го одбраа за еден од сетовите фотографии буквално ја пукаше на неа, а таа не можеше ниту да го затвори патентот, па затоа и ѕирна долната облека.

Иако сме сигурни дека фотографиите во списанието ќе бидат беспрекорни, овие слики од папараците велат дека не е сè секогаш идеално како што изгледа.

escort - Korsan taksi