НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРААТ ПЛАТЕНИ КАМПАЊИ, ВЕЛИ АМБЕР ХЕРД ЗА ПЕТИЦИЈАТА ДА БИДЕ ОТСТРАНЕТА ОД „АКВАМЕН 2“

14 ноември, 2020
хард

Амбер Херд ја осуди, како што вели „платената кампања“ против неа, со која се бара да биде отстранета од продолжението на „Аквамен“. Херд треба да ја репризира улогата на Хера во вториот дел од блокбастерот од 2018.

Петицијата, која досега собра над 1 милион потписи, ја стартуваа обожаватели на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Изминатава недела, Деп беше принуден да се откаже од улогата во третиот дел од филмската франшиза „Фантастични ѕверки“. Тоа следеше откако Деп неодамна го изгуби судскиот спор со весникот „Сан“, во врска со текстот во кој беше наречен тепач на жени. Холивудската ѕвезда го тужеше весникот за тврдењата дека физички ја нападнал бившата сопруга Амбер Херд, што тој го негира.

„Платени шпекулации и платени кампањи низ социјалните мрежи не одлучуваат кој каде да глуми, затоа што не се поврзани со реалноста. Возбудена сум што ќе снимам следната година“, изјави Херд.

escort - Korsan taksi