Не му е гајле за Меси. Роналдо СИ ЈА ГЛЕДА СВОЈАТА РАБОТА: „Викајте ме Нептун и не го пробувајте ова“ (ВИДЕО)

16 август, 2020
Annotation 2020-08-15 233127

Кристијано навистина живее живот и ужива, по напорната сезона во Јувентус, одмора

А сите мислеа дека утрово ќе се слади со срамот на Меси… Сепак, Роналдо си ја гледаше својата работа и – уживаше.

Додека фудбалската планета коментира како супер моќниот Баерн ја победи Барселона со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите, асот на Јувентус нурка.

  „Се разбудив денес и прашав: Што се случува во морето? Викајте ме Нептун “, напиша Роналдо во описот на видеото во кое тој нурка и вежба во морето со хаштагот„ не го пробувајте ова “.

Кристијано навистина го живее животот и ужива во тоа! Тој испадна со Јувентус, Лион беше подобар во двојкмечот, а не му е грижа што прават другите.