Не, ова не е Џенифер од времето на „Friends“: Познатата актерка го покажа своето заносно тело на 52-годишна возраст!

20 ноември, 2020
jennifer-aniston-dzenifer-aniston-830x0

Холивудскиот фаворит стана заштитно лице на брендот кој продава додатоци во исхраната

Американската актерка Џенифер Анистон (51) го покажа своето секси и затегнато тело, што предизвика многу мажи да останат со „отворени усти“.

Имено, Џенифер беше фотографирана за новата кампања на компанијата „Vital proteins“ во спортски топ и хеланки, а по тој повод истакна завидна фигура на која ѝ завидуваат нејзините двојно помлади колешки.

Иако Џенифер изгледа најмалку 15 години помлада, таа исто така е посветена на промовирање на здрав живот – тренинг и здрава исхрана.

Неодамна стана заштитно лице на познат бренд и ги покажа движењата на јога што ги применува секој ден за да го одржи своето тело во форма.

„Толку сум возбудена што конечно објавив дека се придружувам на „Vital proteins“ како главен креативен директор“, започна Анистон во описот на фотографијата.

– Пред неколку години, започнав да ги користам овие витамини, а сега имам можност да бидам дел од овој бренд на подобар начин, па затоа веднаш ја прифатив понудата – додаде таа.

– Отсекогаш сум била поборник за велнес и многу сум среќна што споделувам со сите колку е важен колагенот. Нашата сила започнува одвнатре, па затоа избрав добра исхрана и вистински додатоци за да го започнам денот – напиша таа.

– Сакам авокадо, кокосово масло, лосос, рибино масло – заклучи Анистон и откри што јаде секој ден.

escort - Korsan taksi