Не сакавме да ги продаваме нашите души и она што сме: Дијана раскажа како Џоковиќ ги одбиле британските пасоши

15 мај, 20200
Novak Naslovna

Најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ, повтори дека како момче имал понуда да го промени своето државјанство и да стане Британец.

Кога Новак имал 14 години, Британците му понудиле на него и на неговото семејство пасоши, подобри услови, работа за неговите родители, куќа … – Во тоа време беше многу примамливо за моите родители затоа што ќе решеа многу проблеми. Моите родители би добиле работа, ние куќа, тоа беше одлична понуда. Не го прифативме тоа, ризикувавме, некако, немав добро чувство за тоа – рече Џоковиќ во разговорот со Греам Басинџер. Неговата мајка Дијана, исто така, ги објасни причините за „НЕ“ на Британците.

– Не можете да ја продадете душата и она што сте. Не можев да живеам таму Децата би живееле подобро, но никој од нас не би бил среќен. Мислам дека Новак никогаш не би играл за Велика Британија затоа што со целата душа игра за Србија – рече Дијана Џоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *