Не се откажува од деколтето ни додека готви: Криси Тајген ги намали градите, но повторно и се во преден план!

29 ноември, 2020
636666729227568434-Teigen


Манекенката и сопруга на музичарот Xон Леџенд, 34-годишната Криси Тајген, обожава да ги истакнува своите прекрасни облини со облека, а особено сака длабоки деколтеа.


Дека не се откажува од нив дури и додека готви, покажа на Инстаграм каде објави фотографија направена за време на подготовката на семејната вечер за Денот на благодарноста на Америка со градите во преден план. „Среќен Ден на благодарноста, драги мои“, напиша таа во описот на фотографијата на која носи фустан со „опасно“ длабоко деколте што го сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Chrissy Teigen says she is in a 'grief depression hole' after her pregnancy  loss

Интересно е да се спомене дека моделот ги намали градите ова лето, односно ги отстрани силиконските импланти, кратко откако прослави 10-годишнина од нивното всадување. Таа подоцна за медиумите изјави дека е задоволна од резултатот на операцијата и призна дека животот и бил полесен откако решила да го стори тоа.

Голема загуба претрпе оваа есен. Само еден месец откако објави дека го чека третото дете со сопругот Џон Леџенд, доживеа спонтан абортус.

John Legend is 'so, so grateful' for Chrissy Teigen, his children on  Thanksgiving

„Во шок сме и длабока болка што не можете ни да ја замислите и која никогаш не сме ја чувствувале. Не бевме во можност да го запреме крварењето и да му дадеме потребна течност на нашето бебе, и покрај тоа што добивме вреќи со крв. Едноставно не беше доволно. Никогаш не ги избравме имињата на децата сè до моментот на нивното раѓање, непосредно пред да ја напуштат болницата. Но, ова бебе во мојот стомак, поради некоја причина, почнавме да го нарекуваме Џек. Така, тој ќе остане Џек за нас засекогаш. ….“

Тајген и Леџенд се венчаа во 2013 година во Италија, а во бракот имаат ќерка Луна и син Мајлс.