Неа нема да ја уапсат: sвездата на „Дизни“ опуштено позираше со ЏОИНТ во раката

7 октомври, 2020
bella-thorne-14-830x0

Поранешната ѕвезда на Дизни честопати не е добар пример за децата…

Американската актерка и продуцентка Бела Торн (22) позираше во облека на „Шанел“ и истакна дека оваа година полни 23 години, и сè тоа додека во раката држи џоинт.

Бела Торн покажа зошто е толку популарна во неделата попладне кога позираше во интересна облека, но докажа и дека не е добар пример за тинејџерите.

Имено, таа во раката држеше џоинт од марихуана, што е легално во Калифорнија каде што живее, но не и во другите држави од каде потекнуваат нејзините обожаватели.

По тој повод, таа носеше бело здолниште, како и бело-розев раскопчан топ-кроп. На нејзините нозе носеше патики што одговараа на остатокот од комбинацијата.

На нејзиниот телефон имала маска од „Шанел“, очила за сонце од истата марка, како и ѓердан околу вратот, додека нејзините остри нокти доста подраснале.

Таа собра 660 000 лајкови на овој пост, додека на Инстаграм ја следат скоро 24 милиони следбеници.

– Роденденска недела- беше напишано во објавата под која имаше бројни коментари.

„Секси“, „Кул“, „Среќен роденден“, „Гори“, беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.