Нејзината смрт останува мистерија и после 40 години, никому не му е јасно што се случило таа вечер

21 мај, 2020
Screenshot_2020-05-20 Njezina smrt ostala je misterij i 40 godina kasnije Tragedija koja i danas puni naslovnice medija, a [...]

Скоро 40 години по смртта на холивудската ѕвезда Натали Вуд, која се удави во 1981 година., нејзиниот сопруг актерот Роберт Вагнер, а со исто мислење е и ќерката на Натали, тврди дека не е крив за тоа што се случило. Нејзиното тело најдено било во Пацификот, а јавноста уште не знае која е причината за овој немил настан.

Полицијата отворила повторна истрага за случајот во 2011 година, а ТВ компанијата HBO снимила и документарец за овој немил настан. Во него при разговорот на Роберт и неговата поќерка, Наташа Грејсон Вагнер и двајцата истакнуват дека Роберт нема поврзаност никаква со смртта на нејзината мајка. За времето на овој настан Наташа имала 11, а Натали 43 годиниа, а по нејзината смрт Вагнер се грижел за трите ќерки на својата сопруга. „Знам дека никој не ја сакаше мојата мајка колку мојот очув и доколку знаев нешто сигурно ќе ја информирав полицијата.“ – заклучила Наташа.

За таа вечер познато е само дека актерката била на јахтата на нејзиниот сопруг во негова придружба и заедно со актерот Кристофер Валкен и капетанот на јахтата. За Деннот на Благодарноста ти пловеле околу Санта Каталина во Калифорнија. Таа била пронајдена мртва во морето, а на себе имала црвена јакна и ноќен фустан. Нејзината смрт била прогласена за несреќен случај, но капетанот на јахтата подоцна изјавил дека често ги слушал Натали и Роберт како се расправаат. Обдукцијата на телото покажало модринки на нејзините зглобови и врат. Актерот Кристијан Валкен, кој бил присутен таа вечер на јахтата, никогаш јавно не проговорил што навистина се случило таа вечер, иако е можеби единствениот сведот и единствениот кој ја знае вистината.