Некоја песна „ви остана во уво“, но не се сеќавате како се викаше? Google има решение!

9 ноември, 2020
bar-621033-1920

Google воведе нова услуга за која дури и не знаевме дека ни е потребна, а сега пак не ни е јасно како живеевме пред да се појави.

Колку пати ви се случило некоја песна „да ви останала во уво“, но не можевте да ја пронајдете? Веројатно многу пати. Повеќето од нас ја пеeвме песната на сите своите пријатели, обидувајќи се да дознаеме како се вика и се надевавме дека некој ќе ја препознае. Google конечно најде решение. Со своите алатки за пребарување, Google излезе со нова опција „hum to search“ што ќе ви овозможи да ја потпевнете песната што ја барате, а потоа техниката за машинско учење ќе се обиде да ја препознаете.

Новата опција е достапна на апликацијата Google и на iOS и на Android или на Google Now – само прашајте го Google „Која е песната“ или допрете на додаденото копче „песна за пребарување“ и потоа започнете со потпевнување. Google тогаш ќе ви покаже неколку резултати засновани на пребарувањата, по што ќе можете да ги преслушате (како и секоја друга песна што ја баравте при пребарување на Google). Новата опција за потрага на песна е достапна на англиски на iOS и на повеќе од 20 јазици на Андроид.

escort - Korsan taksi