НЕМА ЛЕБ ОД МУЗИКАTA- Бијонсе има нова работа, одгледува 80.000 пчели

3 ноември, 2020
h_50694380_1000x0

На време размислува за иднината…

Пејачката Бијонсе откри дека на својот имот има два големи пчеларници, од кои произведува „стотици тегли мед годишно“ за приватни цели.

Поседува дури и „околу 80.000 пчели“.

39-годишната пејачка откри дека започнала со пчеларство поради нејзините ќерки – Блу Ајви (8) и Руми (3) – на кои медот им помага да ги надминат тешките симптоми.

– Знам дека звучи малку рандом, но имам две кошници. И тоа вистински. Ги има на имотот веќе некое време. Имам околу 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Почнав да се занимавам со пчеларство затоа што моите ќерки Блу и Руми имаат страшни алергии, а медот има безброј лековити својства – рече пејачката.

Пчеларството не е единствениот деловен потфат на оваа голема sвезда. Таа има целосна сопственост на нејзината музика, филмови и модниот бренд Ајви Парк.

escort - Korsan taksi