Нема одмор за најновиот Бетмен: Роберт Патисон повторно снима откако го прележа Ковид 19

18 септември, 2020
1312015

Познатиот актер Роберт Патинсон пристигна на новиот сет Бетмен пред околу десетина дена со треска. Откако беше потврдено дека има ковид-19, актерот се изолираше десет дена и сега повторно снима.


По десет дена закрепнување, 34-годишниот Роберт Патинсон се врати во костум на Бетмен. Додека Патинсон се лекуваше и одмараше, снимањето продолжи за делови од филмот во кој актерот не учествуваше. Роберт Патинсон беше виден во Лондон со неговата девојка Суки Вотерхаус, но снимањето најмногу се одвива во Ливерпул. Новиот филм за Бетмен не е единствената продукција што мораше да забави поради коронавирусот – на снимањето на филмот „Фантастични ѕверови 3“, еден тренер за дијалект беше позитивен и на ковид-19.

Robert Pattinson


Меѓу другите sвезди на новиот Бетмен е и Колин Фарел кој го игра негативецот Пингвин. Неговиот костум и маска биле наводно толку добри што колегите воопшто не го препознале.

Robert Pattinson
Robert Pattinson
Robert Pattinson