Необични венчавки и запросувања- во вселена, под море или под маски

10 август, 2020
венчавки

Пред 17 години еден пар организирал венчавка покрај светот. Буквално. Невестата била во државата Тексас, а младоженецот 400 км над Земјата во меѓународната вселенска станица.

Рускиот космонаут Јуриј Маленченко и неговата девојка се венчале во 2003 година преку видео линк од контролниот центар на агенцијата на НАСА во Хјустон.

Младоженец од картон, бидејќи вистинскиот е во орбитата

На првата вселенска венчавка невестата Јекатерина Дмитријева носела традиционална венчаница со боја на слонова коска, додека младоженецот имал темно сино вселенско одело со машна.

Кум му бил колегата астронаут Едвард Лу кој го свирел свадбениот марш на преносна тастатура.

За да не се чувствува осамено Јекатерина, бидејќи партнерот и е така далеку, покрај неа бил поставен Јуриј од картон.

Тие не ја планирале вака свадбата, но мисијата се продолжила па затоа се одлучиле за ваква венчавка.

Свадба под море- бидермаер и боца со кислород

Хашини Еранди Перера и нејзиниот вереник, професионален нуркач знаеле дека не сакаат класична церемонија.

Додека многу млади пред свадбата вежбаат танцување, Хашини учела нуркање во базен.

Прв пат нурнала со бидермаерот.

Прстените од кокосова лушпа ги размениле под вода во Шри Ланка, а веројатно судбоносното “да” го изговориле без цевки, на суво.

Починал по запросувањето, не го дочекал одговорот

За жал ваквите потфати не секогаш поминуваат според планираното.

Американецот Вебер минатата година се удавил додека под вода се обидувал да ја запроси неговата девојка за време на одморот во Танзанија.

Таа го снимала од кабината која се наоѓа под вода додека тој нуркал покрај нивниот прозор со намера да ја праша дали сака да се омажи за него.

На снимката се гледа како тој држи лист хартија, вади прстен од џебот и исчезнува од кадар.

Венчавка во болница со смртно болна пациентка од рак

Таша Лонгхартс се лекувала од рак половина година кога лекарите и кажале дека нејзиното тело не реагира на терапијата и дека има уште неколку недели живот.

Нејзиното момче Сајмон Јанг го чекал вистинскиот момент да ја побара за жена. Еден месец по венчавката таа починала.

Прв и единствен лезбејски пар во историјата на шпанската католичка црква

Свештеникот во црквата Свети Хорхе во Ла Коруња, Шпанија не видел ништо посебно на лицето на младенците пред 120 години, а ниту присутните роднини не зборувале ништо.

Но и “Марио” и неговата невеста Марсела биле жени.

Тоа се случило во 1901 година, а бракот помеѓу Елиса и Марсела и до денес е единствениот познат истополов брак во историјата на шпанската католичка црква.