Нетфликсовиот документарен филм за психоделичните дроги ги разби сите стигми

30 мај, 20200
1136693

Без разлика дали сте или не сте користеле психоделични дроги, ви предлагаме да го погледнете документарецот на Нетфлих „Have a Good Trip: Adventures in Psychedelics“. Покрај бројните славни личности од светот на уметноста, филмот и музиката во неа се појавува и психијатар кој го проучува влијанието на психоделичните дроги, како ЛСД и печурките, во лекувањето на менталните пореметувања како што е депресијата. После 40 години американската влада конечно ги одобри овие истражувања. Патем покрај останатите ќе ги слушнете и искуствата со есид на Стинг и АЅАР Роки.

„Не верувам дека психоделичните дроги се одговор на проблемите на нашиот свет, но можат да бидат почеток“ – рекол Стинг. Покрај него во документарецот се појавуваат и прославениот гуру и учител Дипак Чопра, ѕвездата на хипи движењето Донован, некогашниот член на бендот Beastie Boys Адам Хоровиц и неговата сопруга Кетлин, Роузи Перез, Сара Силвермен, Бен Стилер. Со оглед на тоа дека изјавите се снимани во тек на 11 години ќе ги слушнете и искуствата на покојните Кери Фишер и Ентони Боардан (двата најсемтиментални моменти во филмот токму поради нивната смрт).

Филмот е снимен во духовит стил, со цел да се разбие стигмата поврзана со пропагандата која до неодамна можеше да се слушне за психоделичните дроги, а која во главно беше вештачка и искривена. Филмот ги претставува предностите и маните на овие дроги, нивната историја, иднина, културното влијание како и дали навистина „сте едно со универзумот“ кога сте на есид.

Филмот е режиран од Доник Кери (сценарист за The Simpsons, New Girl, Parks and Recreation) и поради таа причина филмот нема да ви е досаден. Полн е со сјајни анимации, кои се надополнуваат со приказните на соговорниците, како на пример кога на Стинг во дворот му се обраќала тревата или кога Кери Фишер разговарала со штрк. Арт дирекцијата наликува на Битлсовата Жола подморница и искрено недостасува само изјавата на Пол Макартни, иако постои исечок од ТВ гостување на Ринго Стар.

Сепак, најважниот аспект на документарецот е делот со можното влијание на психоделичните дроги на психата, односно на нејзиното лекување. Своја изјава дал и Зек Лири, син на Тимоти Лири – доктор по психологија и некогашен шеф на катедрата на универзитетот Харварди најпознат заговорник на истражувањата и употребата на психоделични дроги во лечењето, за што во 1963 година Тимоти добил отказ од Харвард.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi