Неверојатна трансформација! Еве како изгледа кога некој ќе ослабе 92 килогатми

15 јуни, 20200
Annotation 2020-06-15 170828e

Симоне Андерсон од Австралија (29) реши да ослабе во 2014 година. Тежела 167 килограми, а денес тежи 75 килограми, пишува The Sun.

Таа одлучи да работи повеќе на себе во теретана, но отиде и на операција која вклучува операција на стомакот, отстранување на вишокот на кожа, како и ставање филери во усните и лицето.

Таа вели дека последните шест години биле натприродно искуство за неа. Споредувајќи го нејзиниот живот пред и по трансформацијата, таа се сеќава дека едвај можела да оди.

  • 20-минутната прошетка ќе ме исцрпеше. Јадев само преработена храна и брза храна. До денес, изгубив 92 килограми и тренирам редовно. Јадам урамнотежена диета и секогаш се обидувам да јадам свежа храна, и уживам да се гледам себеси како станувам посилна од ден на ден – рече таа.

Таа додаде дека секогаш се чувствувала убаво и самоуверено, а разликата помеѓу минатиот и сегашниот живот е во тоа што сега е свесна дека ќе има долг и здрав живот.

  • Тежината никогаш не ме дефинирала како жена, сепак бев оптимистка и среќна што излегував, бев организирана, но тежината го ограничи животот што можев да живеам. Операцијата на стомакот ми го спаси животот. Не верувам дека ќе бев жива денес, ако не бев на таа операција. Ова ми даде можност да го сменам начинот на јадење и да го променам режимот на физичка активност. Хирургијата не е конечното решение, но ми даде можност да започнам одново и да направам долгорочни промени во мојот живот со кои успеав да задржам новата линија и здравјето – рече таа.

Операцијата за отстранување на вишокот на кожа траела девет часа. Тие ја отстраниле кожата од нејзиниот абдомен и ѝ ги кренале градите. Платила околу 17 000 евра. Денес, таа е влијателна мотиваторка, а повеќе од 313.000 луѓе ја следат на Инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *