Невидена фотографија која провоцира: дали Лепа Брена и Горан Бреговиќ биле во врска?

14 август, 2020
брена

Лепа Брена и Горан Бреговиќ- била тоа љубов за која со години се шушкало, особено во 80тите. Сите велат дека имало хемија меѓу нив, но никој нема докази.

Многумина тврделе дека меѓу нив има тајна врска. Медиумите ги полнеле насловите со трачеви дека Бреговиќ и Брена се во романса, но тие вешто го криеле нивниот приватен живот и никогаш јавно не зборувале за својата врска.

А сега, по 30 години осамна фотографија која ја потврдува тајната љубов на Лепа Брена (59) и Горан Бреговиќ (70). Станува збор за фотографија стара 36 години.

Летна прошетка

Оваа интригантна фотографија ги покажува Брена и Бреговиќ во опуштено, летно издание на одмор некаде во природа. Фотографијата е направена во летните месеци во 1984 година на Хвар.

Тука Лепа Брена е во залет кон својата кариера. Има 23 години, а една година порано го извади хитот “Sitnije Cile, sitnije” и екстремно популарниот албум “Mile voli disko” кој е продаден во 780 илјади копии. Десет години постариот Бреговиќ тогаш имал 34 години и веќе растурал низ Југославија како фронтмен на групата Bijelo dugme.

Во тоа време многу се пишувало за нивната врска, па како Лепа Брена била честа гостинка на јахтата на Брега. Соседите на Брена тврделе дека често го гледале Бреговиќ во нивното маало во Нови Сад каде што Брена тогаш живеела.

Фатална љубов

Љубовта со време очигледно завршила, бидејќи Бреговиќ освен со Брена го поврзувале со многу други убавици, како актерката Маја Сабљиќ, пејачката Алка Вуица, новинарката Полета и манекенката Лилјана Тиќ.

Но за фаталната љубовна приказна меѓу познатиот пар се зборува и до денес, иако и двајцата денес се во среќни бракови.