Нежно ја допира многу помлад маж, а таа – како ангел: Моника Белучи блеска во 57-та година

10 ноември, 2020
tan2020-1-2015609860-830x0

– Штотуку излезе италијанскиот „Vogue“. Од студиото во Фиренца за ноемврискиот број на списанието – напиша Моника

Италијанската актерка Моника Белучи (56) позираше за ноемвриското издание на магазинот „Vogue Italia“ и по тој повод изгледаше нереално секси и убаво со оглед дека се приближува до 7-та деценија од нејзиниот живот.

Имено, најубавата жена на Светот објави две фотографии на социјалната мрежа Instagram – едната на која позира сама, додека на другата позира со многу помлад маж.

Во студиото во Фиренца, таа беше фотографирана за една од најпознатите модни куќи, со која соработува од почетокот на нејзината кариера.

– Штотуку излезе италијанскиот „Vogue“. Од студиото во Фиренца за ноемврискиот број на списанието – напиша Моника.

На една фотографија таа е облечена во тесен црн фустан, додека косата ѝ е убаво исчешлана и натапирана, а на неа го истакна и прекрасното деколте, кое и на 57 години изгледа совршено.

На таа фотографија, помлад маж во бел мантил ја држи за рака и изгледа како да ги допираат нивните усни, па овој пост го запали интернетот.

На втората фотографија, Моника позира само во хулахопки и црн градник, додека го држи фустанот во рака, а се наоѓа во студиото за скулптури. Со овие две објави, таа собра скоро половина милион лајкови, додека 3,6 милиони следбеници ја следат на Instagram.

„Убава жена“, „Најубава на Sветот“, „Зарем ова не е премногу?“, „Засекогаш секси“, беа само дел од коментарите на нејзините следбеници.