„Ни требаат пар гради и еден задник“: Барањето на продуцентите ја шокираше познатата писателка

2 ноември, 2020
186a0edc862b45c13c09d2906eb0a5768b84a59f


Филипа Грегори е најпознатата писателка на историски романи на сите времиња, бидејќи напишала 15 романи од времето на Тудор. Многу од нив се префрлени на филмското платно.

Кога започна снимањето на филмот „Другата ќерка на Болен“, продуцентите и ветија на Филипа дека ќе ги почитуваат историските факти и дека нема да ги изобличуваат како што им одговара. Во филмот играат sвезди како Скарлет Јохансон, Натали Портман и Кристин Скот Томас.


За време на снимањето, продуцентите ја повикаа Филипа и со шампањ, со одбрани зборови и објаснија дека сè е одлично, но дека им треба повеќе голотија во филмот за да бидат успешни.


– Колку точно голотија? Отворено го прашав продуцентот – рече Филипа во едно интервју. Продуцентот одговори: „Пар гради и еден задник!“

Бидејќи сум модерна жена, одговорив дека нема проблем, нека ја стави актерката во када да се бања и нема да ми пречи – вели Филипа.