Ник Гордон почина на ист начин како и неговата свршеница Боби Кристина, која ја тепаше и наводно ја дрогирал, а сега се појавија ексклузивни фотографии од хотелската соба каде што починал

20 ноември, 2020
Screenshot_3

Ник Гордон почина на ист начин како и неговата свршеница Боби Кристина, која ја тепаше и наводно ја навлекол на дрога, а сега се појавија ексклузивни фотографии од хотелската соба каде што починал.

Ник Гордон е запаметен како проблематичен поранешен свршеник на покојната Боби Кристин Браун, ќерка на покојната дива Витни Хјустон, а тој почина на 1 јануари годинава.

Според „Daily Mail“, Гордон последните часови ги поминал во хотелска соба на Флорида пиејќи текила, конзумирајќи марихуана и шмркајќи хероин. Британскиот таблоид има ексклузивни документи и фотографии што ги поткрепуваат неговите тврдења.

Со 30-годишниот Ник во собата била неговата девојка и колешка Ајриел Мекмахон, која повикала брза помош кога започнал да испушта чудни стенкачки звуци во сон и темна течност почна да истекува од носот. Наскоро завршил во болница, но следниот ден, 1 јануари, починал, а лекарот утврдил дека бил убиен од фатална доза на хероин.

Фотографиите од хотелската соба во сопственост на „Daily Mail“ покажуваат дека Гордон повраќа темна, леплива течност на подот, и насекаде на мебелот и другите делови од собата има шприцеви, разни супстанции и хероин.

Семејството на Ајриел и Ник верувале дека тој се сменил кога нашол работа и поминал на рехабилитација од дрога и алкохол, но се покажа дека не е така. Девојката на Гордон знаеше дека ќе донесе малку наркотични средства за да ја дочека Новата година, но не знаеше за што точно ќе се работи. „Таа тогаш употреби хероин за прв пат“, пишува „Daily Mail“.

Ајриел и Ник заспале гледајќи телевизија, а таа се разбудила среде ноќ и забележала траги од урина и повраќање низ собата.

Инаку, Гордон го запозна јавноста подобро во 2015 година кога неговата свршеница Боби Кристина, ќерка на Витни Хјустон, беше пронајдена во када во бесознание и помина шест месеци во кома. Тогаш Боби имала комбинација на лекови што ги правел Ник при неговата смрт.

Никогаш не е поднесена кривична пријава против свршеникот на Боби, но е покрената граѓанска постапка затоа што тој ја предизвикал нејзината смрт. Гордон, наводно, постојано ја контролирал Кристина, ја тепал и ја дрогирал, а таа почина во 2015 година на 22-годишна возраст. Тој украл пари и од нејзината банкарска сметка додека таа била во кома.

На ист начин, мајката на Боби, познатата пејачка Витни Хјустон, почина на 49-годишна возраст. Таа беше пронајдена во када во хотел на Беверли Хилс, со кокаин во телото. Имала проблеми со срцето и се удавила поради голема доза на лекови.

escort - Korsan taksi