Ники Минај и Доџа Кет само што создадоа ХИП-ХОП историја

14 мај, 20200
nikki_and_doja_PA_Images-667x350

Ники Минај и Доџа Кет само што создадоа ХИП-ХОП историја со тоа што станаа првите рап соработнички кои го достигнаа врвот на Billboard Hot 100.

Нумерата “Say So” на Доџа Кет издадена на нејзиниот албум Hot Pink стана вистински фаворит на Tik Tok корисниците, особено што многу од нив ја користеа како позадина за да ги изведат своите вирални танц рутини.

Додека многумина може и да не ја препознаваат нумерата, таа всушност не успеа да се пласира на врвот на плеј листите се додека Доџа Кет не ја направи преработката со Минај, објавена почетокот на месецов.

Соработката привлече многу внимание па фановите на Минај направија многу напори да ја дотуркаат нумерата до првото место.

Песната кружеше на Твитер со хаштаг “Say So Remix Party” и откако достигна да биде шестта на Billboard Hot 100, конечно и скокна неколку места и достигна до врвот на неделата.

“Say so” го обележа 109-тото позиционирање на Минај на Billboard Hot 100, но стана нејзина прва трака која успеа да достигне до првото место. Оваа нумера е прва со прво место и за Доџа Кет.

Покрaј индивидуалниот успех на нумерата за Минај и Доџа Кет, ранкирањето на нумерата означува и прв пат кога женско рап дуо успеа да го освои врвот.

Минај даде признание на веста со пост на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на сите кои ја подржале нумерата. Во продолжение што таа напиша:

“Неможам доволно да ви се заблагодарам што толку упоро не подржавте изминатава недела и помогнавте да создадеме историја. Ве следев сите.

Никогаш нема да сфатите колку ме воздигнавте со прекумерна љубов и поддршка која континуирано ми ја давате. Ве сакам многу. Но вистински многу. Премногу.”

Минај продолжи со заблагодарувањето и кон Доџа Кет, па напиша:

“Драга Доџа, ти благодарам што ми го довери твоето “бебе”. Се надевам дека ги исполнив твоите очекувања. Ти си екстремно талентирана и го заслужуваш секој момент.”

Достигнувањата не застанаа тука бидејќи Минај и Доџа Кет станаа дел и од друга историја- имајќи свој момент со помошта на Меган Сталион и Бејонсе, кој соработуваа на нумерата Savage.

Savage го достигна второто место на Billboard Hot 100 оваа недела, и земајќи го во предвид првото место на Минај и Доџа Кет, ранкирањето бележи за прв пат 4 црни жени да окупираат две топ места на Billboard Hot 100.

Меган го прослави достигнувањето на Твитер пишувајќи:

“Среќна сум што сум дел од историјата која се случи денес”

Се надеваме дека женската рап соработка на “Say so” ќе биде прва од многуте кои ќе го достигнат врвот. Честитки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi