Никогаш не би рекле дека децата на Анџелина Џоли и Бред Пит живеат вака! Ова е поскромно и од повеќето обични смртници!

26 октомври, 2020
rs_600x600-160920080821-600.angelina-jolie-brad-pitt-33.cm.92016

Убедени сме дека славните, но и нивните деца живеат луксузен живот за кој можеме само да сонуваме, но тоа не е секогаш така.

Одличен пример е Анџелина Џоли која ги воспитува своите деца како да се обични смртници и ги учи на вистинските вредности на животот, исто и Бред Пит беше вклучен во нивното воспитување, тој го следеше примерот на Анџелина.


На пример, Анџелина поседува свој мини авион, но тоа не значи дека ги носи децата на екстравагантни, луксузни патувања. Всушност, тие често патуваат со обичен авион со сите другите патници од економска класа. Истото важи и за други големи настани во нивните животи, како роденденски прослави и одење во ресторан, без оглед на поводот. Тие секогаш одат на локации кои имаат прифатлива цена, додека Анџелина обожава да оди во супермаркет со своите деца, што значи дека тие честопати самите си подготвуваат храна наместо некој познат готвач.

Тие одат и во супермаркет за да набават средства за хигиена, што значи дека Анџелина Џоли, но и нејзините деца, ги мијат сопствените тоалети и бања. Бред дури знаеше да им даде домашна работа на децата додека живее со нив како миење садови и чистење простории, додека Анџелина е малку поблага за домашните работи. Што се однесува до купувањето облека, тие не бараат да им бидат затворени продавниците, како што тоа го прават сите светски sвезди, туку купуваат меѓу обичните луѓе и мораат да внимаваат на буџетот, а некогаш треба да дадат пари за шопинг од свој џеб. Покрај тоа, дури и на црвениот тепих тие можат да се појават со парчиња што чинат само неколку стотици евра. Анџелина не ги охрабрува да носат дизајнерска облека, иако секако им е дозволено да носат парчиња што се во тренд.


Децата од Џоли и Пит, исто така, сакаат да одат во популарниот Старбакс, како и во продавници за брза храна, исто како и нивните врсници. Покрај тоа, децата обожаваат кучиња и ги шетаат сами, наместо да ангажираат шетачи на кучиња. Во принцип, тие многу се движат меѓу обичните луѓе и никогаш не бараат одредени локации да бидат затворени само за нив, а интересно е што самата Анџелина ги носи на некои активности, како што се спортови, исто како што прават сите обични мајки. Анџелина исто така ги охрабрува да работат и да даваат пари за хуманитарни цели, а кога ќе се појават во јавноста, ги замолува да бидат учтиви и да се однесуваат убаво.


Колку се скромни децата на Џоли и Пит, сведочи и фактот дека најстариот Медокс вози стар автомобил што секој просечен Американец може да си го дозволи, а мајката на Анџелина е како и секоја друга плачела од среќа кога Медокс отишол да студира во Кореја, и дека тој се посрамоти од таа ‘драма’ пред целиот кампус.