„Никогаш не платил“: Келнерка од Њу Јорк откри како навистина се однесуваат славните

10 ноември, 2020
db7068b9-8f51-44f2-902e-894a2b9c4a43

Келнерка од Њу Јорк откри како се однесувале sвездите додека им служела па го објавила видеото на ТикТок.

Од актери до политичари, ова се некои од познатите имиња кои Лаура Месробијан ги служеше и нејзините впечатоци од овие луѓе…

Џејк Гиленхал

“Да, тој е заебано згоден. Да, неговите очи навлегуваат во твојата душа. Но, тој малку цимоли. Навистина сака Пино Ноар и помфрит. Секогаш е со пријатели. Некако никогаш не платил, но беше прилично забавен.

Грета Гервиг

“Вистинска кралица. Оваа девојка беше многу забавна. Баш во тоа време роди бебе. Ми зборуваше околу две минути во барот за тоа колку ѝ се сменија градите. Би се забавувала со неа цела ноќ. 11/10. “

Џулијана Мур

“Убава, елегантна и драга. Една од ретките славни личности што ќе ве погледне во очи и ќе каже:” Ви благодарам “. Има одлична кожа. Таа е навистина ситна. 8/10 “.

Глен Клоуз

“Смирена. Некои луѓе го толкуваа тоа како студено, но јас не мислам така. Таа веројатно мораше да се справи со многу луѓе во тоа време, така што ѝ требаше да земе здив. Со Глен Клоус секогаш доаѓаше нејзиното куче, Пип. Пип целосно владееше со ресторанот трчајќи онолку колку што сакаше. Не е многу забавна, но кучето беше прилично смешно и сè беше во ред. 7/10 “.

Франсис Мекдорманд

“Сè што ми рече беше:” Дали си нашата келнерка? Затоа што ни треба алкохол веднаш”. 9/10 “.

Аманда Сејфрид

“Таа влезе со нејзиниот сопруг една вечер кога беше навистина гужва, но беше многу пријатна и супер разбирлива. Сѐ на сѐ прилично одлична, така да 8/10”.

Дакота Фанинг

“Изгледа како многу нормална личност. Таа се сретна со пријателка таму, споделија шише вино. Дава солидни совети. Не можам да се жалам. 7/10.”

Хилари Клинтон

“Тоа беше по изборите. Мислев дека можеби сака црвено вино или нешто релаксирачко. Пиеше текила коктел. 9/10 за избор на пијалок. 2/10 за политика”.