Никол Потуралски е иста Ирина Шајк: Фановите велат дека моделите се идентични. Проценете сами!

24 септември, 2020
nicole-poturalski-6-830x0

Манекенката која се прослави откако e во врска со холивудскиот заводник Бред Пит е идентична со Ирина Шајк, тврдат обожавателите

Манекенката Никол Потуралски (27) стана популарна откако е во врска со најомилениот актер во Светот Бред Пит (56), а обожавателите велат дека таа многу личи на нејзината колешка Ирина Шајк (34), поточно дека „изгледаат како близначки“.

Имено, убавицата Никол неодамна стигна до медиумите ширум Светот кога беше фотографирана на аеродромот во Франција со Бред Пит, со кого отиде во неговиот имот на југот на земјата, каде тој се ожени со Анџелина Џоли (45) пред шест години.

Се верува дека тогаш актерот ја однел својата нова девојка во „Шато Миравал“, имот што го купил во 2011 година со неговата поранешна сопруга за 67 милиони долари.

Оттогаш таа е главна тема на сите медиуми, а фановите се натпреваруваат само да докажат дали таа повеќе личи на поранешната на Бред- Анџелина, како што веќе беше напишано, или на убавицата Ирина Шајк.

Ние комбиниравме фотографии од овие две убавици и откривме дека Никол и Ирина имаат слична форма на глава, скоро ист нос и идентични усни. Бојата и формата на нивните очи се скоро исти – сини, и двете се природни бринети. Исто така, двете девојки се високи 178 см и имаат слична структура на телото.

Во галеријата под текстот, погледнете ги секси фотографиите на овие два модела и проценете сами дали навистина си личат толку многу.

escort - Korsan taksi