НОВ ХОЛИВУДСКИ МАНИЈАК: Режисерот силувал малолетна актерка (15), па ја исфрлил на улица!

20 август, 2020
Annotation 2020-08-20 201136

Славниот режисер е мета на сериозни обвинувања!

Александар Пејн (59) е новото холивудско име на растечкиот список на силувачи и злоставувачи.

Тој е обвинет дека силувал актерка на само 15 години, а потоа ја исфрлил на улица!

Актерката Роуз Мегован, ѕвездата на серијата „Charmed“, даде ужасна исповед, велејќи дека режисерот ја силувал кога била малолетна.

“Тој ме покани во неговиот стан, ми рече да седнам и ми пушти порно филм што тој го режирал под друго име. Потоа ме искористи и ме нападна. Беше многу надарен. Потоа ме исфрли на аголот на неговата улица”, рече Роуз.

Таа му испрати порака на режисерот преку Твитер дека е силувач, дека сторил кривично дело, и покрај тоа што во тоа време „не знаела што се случува“.

Мегованова минатата година објави дека е жртва на најголемиот холивудски манијак, Харви Вајнстајн, кој ја силувал во 1997 година. Вајнстајн во моментов издржува затворска казна за повеќе силувања.