Нов почеток за поп-рок ѕвездата: Аврил Лавињ по разводот купи имот во Малибу кој се простира на 63 хектари земја

3 декември, 2020
o_15380668_1024

Канадската поп-рок sвезда Аврил Лавињ купи нов имот во крајбрежниот калифорниски град Малибу познат како омилена локација на богатите и славните. Откриено е дека 36-годишната девојка платила 7,8 милиони долари за приватниот имот и дека има намера да живее во него, а тоа е близу до куќата на друга мега популарна пејачка- Лејди Гага, чија куќа вреди неверојатни 23 милиони долари.

Она што првенствено ги оправдува вртоглавите износи што ѕвездите ги даваат за живот тука е прекрасниот поглед на песочната плажа и океанот, додека од друга страна се заштитени од љубопитните погледи на минувачите и папараците. Приватноста на нејзиниот имот ја чува висока жива ограда, а куќата е опкружена со тревен двор под сенка на високи дрвја. Имотот на пејачката се простира на 63 хектари, што овозможува длабока вовлеченост на самата куќа, која е одвоена од патот со долга патека. Ентериерите беа редизајнирани пред неколку години од Скот Гилен, познат архитект кој го прилагоди оригиналниот изглед на 1960-тите на помодерна естетика.

Аврил не е странец во оваа населба или Л.А. Таа првпат купи куќа во близина во 2007 година кога му плати на Тревис Баркер од групата Blink 182, 9,5 милиони долари за замок во Бел Ер, кој потоа беше продаден на НБА sвездата Крис Пол. Последниот имот што го поседуваше беше во Шерман Оукс, каде таа и поранешниот сопруг Чад Крогер поседуваа куќа во француски стил, која беше продадена во мај годинава за точно 5 милиони долари.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris